КОНЦЕРТ НА ФОЛТИН ПО ПОВОД „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“

Македонските музички амбасадори, групата „ФОЛТИН“ на 21 ноември, во Универзална сала, со почеток од 20 часот, ќе одржат целовечерен концерт по повод третото фестивалско издание на проектот „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.

Ексклузивно на годинешното издание, ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.

Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.

Презентацијата на сите производи ќе започне во 10:00 часот, додека официјалното отварање ќе биде во 20:00 часот збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „ФОЛТИН“.

Влезот е бесплатен и отворен за сите!