Јан Бајтлик

Учесник: Јан Бајтлик
Држава: Полска

janЈан Бајтлик (роден 1989, од 2013 магистер на Академијата за уметности во Варшава, моментално на докторски студии во отсек графика) е независен графички дизајнер и илустратор кој делува од Варшава. Член е на Полската асоцијација на применети графички дизајнери (STGU). Од септември 2015 предава во отсекот графика при Полско-Јапонската Академија за информатичка Технологија во Варшава. Се занимава со пишување на книги за деца, постери, илустрации, визуелни идентитети за културни настани. Автор е на детската книга со активности “Alphadoodler”, на тема типографија и креативно „шкртање“ (“Typogryzmol” – на Полски; објавена од Dwie Siostry Publishing, почесно спомната на Bologna Ragazzi Award 2015). Досега “Alphadoodler” е објавена на 4 јазици: англиски, (“Alphadoodler”, објавена од Tate Modern), италијански “Tipofollie” (објавена од: Corraini Edizioni), шпански – “Tipografitea” и каталонски “Tipografiteja” (објавени од Coco Books). Истражување и креативен процес на оваа книга беше темата на презентацијата на Јан на Typo Berlin 2015. Во текот на 2014 тој одржа 63 уметнички и типографски работилници во Полска на која присуствуваа 1300 деца, родители и едукатори. Соработува со образовната фондација Kulturkind во Берлин и Festivaletteratura во Мантова. Неговата книга за деца “AUTO” беше објавена на француски од La Joie de lire од Женева. Некои од списанијата за кои тој илустрира се “Time Magazine”, “The New York Times”, “Gazeta Wybrocza”. Добитник е на бројни награди на национални и меѓународни графички натпревари, вклучително и сребрен медал на 10тото Интернационално Постер Триенале во Тојама (Јапонија). Соработувал со Павел Алтхамер и Мишел Буве. Има одржано 15 самостојни изложби и учествувал во скоро 100 групни изложби. Доделена му е стипендија од Министерството за Култура “Młoda Polska 2014”. Јан е љубител на патување и спортско качување.