ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ КРЕАТИВА – Фестивал за Креативни Индустрии

Почитувани,

Проект-платформата за развој на креативните индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ објавува јавен повик за учество во проектот Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива“ 2015 кој ќе се одржи од 16-20 септември 2015 со локација во Плаја Виста, Скопје.

Скопје Креатива е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ КЦ Александар Македонски – Скопје. Скопје Креатива е уникатен настан кој на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.

Целта на платформата за развој на креативните индустрии е популаризирање, анимирање и инволвирање на целиот креативен потенцијал на дизајнери, уметници, индивидуалци од една страна и компаниите, фирми и правни субјекти од друга страна кои даваат особен придонес за развојот на креативните индустрии во нашата метропола.

Тема: Мојот Град

Да се одговори на прашањето, што представува заедница денес, воопшто не е лесно и покрај тоа што постојат многу дебати кои подолго време се фокусираат на иднината на организација на градовите. Заеднички простори и дизајнирањето за заедницата, се наметнува како главна тема која има за цел да започне циклус на синхронизација на дизајнирањето на градот, како визија за градови на иднината. Преку годинешната програма Скопје Креатива #СКК15 ќе се фокусира на истражувања за да пронајде одговор на прашањата за улогата на дизајнот во социо- политички, економски , естетски и емоционални контексти.
Заеднички простори и дизајнирање за заедницата е под контекстот на овогодинешното издание на Скопје Креатива #СКК15, првиот фестивал за креативни индустрии во Македонија.

Услови за учество

Ги покануваме локалните креативци и дизајнерската сцена во Скопје, студентите по уметност, дизајн, архитектура, млади професионалци, субјекти што вршат дејност од областа на културата и дизајнот.
Учесниците треба да се престават со свој готов производ или изложба кои би се вклопиле со темата на фестивалот.

Придобивки за учесниците

• Учество во сите работилници, изложби и останати активности како дел од програмата на фестивалот.
• Можност за размена на искуство и контакти со етаблирани ликови во полето на креативните индустрии.
• Можност за промоција на својот производ и зголемување на препознатливост и имиџ.

Апликација за пријава: Application form SKK15

Контакти:
ЈУ КЦ Александар Македонски
info@kongresencentaram.mk
marketing@kongresencentaram.mk
тел.3245615
Лазар Трипков, програмски директор
Моб. 070383693
Марија Јовановска, Маркетинг координатор
моб.070237205