School of Visual Arts

Учесници: Мирко Илиќ, Стефан Сагмајстер, Милтон Глејзер, Сејмор Хваст…
Држава: New York, САД

mirko ilic“Underground Images” обединува повеќе од 50 од мноштвото постери создадени во School of Visual Arts (SVA) за изложување во огромниот Њујоршки подземен транспортен систем, нудејќи поглед кон историјата и колективниот талент присутен на овој реномиран факултет за дизајн и илустрација. Куратор на изложбата беше извршниот вице претседател на SVA Ентони П. Роудс, кој од 2007г. исто така работи како креативен директор за постерите.
Почнувајќи од средината на 50тите години од минатиот век, SVA спаѓа во пионерските академски институции во САД кои ја препознаваат потребата за алтернативни маркетинг студии кои би привлекле нови студенти. SVA се појавуваат на Њујоршките метро платформи со рекламни постери кои се истовремено мисловно-стимулирачки и визуелно допадливи. Користеле дела од легендарни артисти како Иван Чермајеф, Милтон Глејзер и Џорџ Черни. Сите артисти биле искусни професионалци членови на SVA; ги користеле постерите за да истражуваат во насока на откривање што значи да се биде артист и да се гаи сопствениот уметнички глас. Како и самиот колеџ, ‘подземните’ постери на SVA на некој начин стануваат неразделен аспект на градот, кои стојат како поттик кон креативност и ризикување.
29те артисти кои учествуваат во “Underground Images” се Гејл Андерсон, Маршал Арисман, Џин Кеј, Иван Чермајеф, Пол Дејвис, Сал Де Вито, Луис Фили, Одри Флек, Нејтан Фокс, Боб Џил, Роберт Џусти, Милтон Глејзер, Фил Хејс, Стивен Хелер, Мирко Илич, Виктор Коен, Стефен Кронингер, Марвин Мателсон, Клеј Патрик МекБрајд, Џејмс МекМјулан, Џери Мориарти, Тони Пладино, Стефан Загмајстер, Дејвид Сендлин, Паула Шер, Ив Зонеман, Џорџ Черни, Џејмс Виктор и Роберт Уивер.
“Underground Images” е организирано од Марко Илич, член на факултетот SVA и Френсис Ди Томазо, директор на SVA галериите.

Tagged on: ,