Дизајн за дресовите на македонските репрезентации во фудбал, ракомет и кошарка

Маре Трајковска
Проект: Дизајн за дресовите на македонските репрезентации во фудбал, ракомет и кошарка

Целта на овој проект е будење на модната свест во спортот во Македонија.
Овој проект се стреми македонските спортисти да изгледаат светски и да им се посвети повеќе внимание и на дизајнот на репрезентативнитедресови како и изгледот на нашите репрезентативци односно достоинствено да ги претставуваат и бранат своите боите на нашата земја во светот.
Овој проект се состои од предлог дизајн за дресовите на македонските репрезентации во фудбал, ракомет и кошарка. За сите репрезентации поединечно се издезајнирани по три комбинации кои треба да се користат во зависност од тоа каде се одржува натпреварот (дома или на гости).
Преовладуваат боите на нашата земја црвена, жолта и бела, а исто така и преку самиот крој се доловува како детаљеден апстрактен момент на симболот на македонскиот народ односно зрак од сонце.