ФЕСТИВАЛ ЗА КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2012

aktaИме на авторот/компанијата: Арс Акта
Институт за уметности и култура
Наслов на проектот: Визуелни индустрии

Синопсис: Целта на овој проект е да се даде значаен придонес во рамки на имплементацијата на културните индустрии во Македонија и да се влијае врз востановените принципи и визуелни предзнаења за презентација и рецепција на дизајнот, плакатот, мега-плакатот.
Одбран е билбородот како медиум што има голема моќ во градењето на вкусот за уметноста на граѓаните.


Име на авторот/компанијата: Кристина Ѓеоргиевска
Наслов на проектот: Скопје низ креативни очи

Синопсис: „Скопје низ креативни очи“ е изложба на плакати кои доловуваат една уникатна и нејсекодневна слика на градот Скопје. Плакатите, се креирани од страна на графичките дизајнери Кристина Георгиевска, Бисера Михајловска и Вања Здравевска. Запознајте го Скопје преку креативноста, е мотото на младите уметници.

 


buden_t

Име на авторот/компанијата: Буден Театар
Наслов на проектот: Муминтрол и Зимата

Синопсис: Куклената детска претстава .  Работена според  романот “Муминдолина среде зима” на Туве Јансoн која е една од најпознатите фински автори. Нејзините книги за Мумините се преведени на преку 30 светски јазици и имаат милиони почитувачи. Своите книги таа сама ги илустрирала и тие измислени ликови сега се заштитен знак за Нордиските Земји.


 

 

ralevИме на авторот/компанијата: Зоран Ралев
Наслов на проектот: Коктел

 

 

 


fx3xИме на авторот/компанијата: ФХ3Х
Наслов на проектот: Холивудска анимација и визуелни ефекти од Скопје

Синопсис: Презентација на работењето и филмски проекти на кои што во изминатите неколку години работеше Скопското студио ФХ3Х  и тоа на добитникот на Оскар за најдобар анимиран филм „Ранго“, потоа работата на анимациите на „Гнев на Титаните“, „Ирвасите Холи и Хал: Инспирирачка Божиќна авантура” и уште многу други нивни дела.


totemiИме на авторот/компанијата: Mоден Викенд Скопје во соработка сo дизајнерката Елена Спасовска
Наслов на проектот: Тотеми

Синопсис: Создавајќи ја колекцијата „Тотеми“ Елена Спасовска се задржува на  удобноста и безвременостa на моделите. Облеката е наменета за жени кои се иклучително чуствителни на квалитет, бои, конфор и се осмелуваат да се изразат на уникатен начин, а инспирацијата е од Тотемите. Како основа го зема учењето на Шаманизмот, според кое, секој човек има 9 тотеми кои се негови заштитници.


Име на авторот/компанијата: Росица Мршиќ, Зоран Рунчев
Наслов на проектот: Комуникација во простор

Синопсис: Декорирана долга трпезариска маса, покриена со интерактивно декориран чаршав со цел спојување и комуникација на две личности, кои се сместени на секој крај од масата. Над масата има лустер кој е дизајниран од Росица Мршиќ исто како и комуникацискиот дел на чаршавот.Средишниот дел од масата е предвиден за дизајнирана храна. Храната е поставена на декорирани садови од мраз, а воедно и илуминирани.Храната е дизајн на Зоран Рунчев, во соработка со „Ориент експрес“.


animИме на авторот/компанијата: Анимакс Скопје Фест
Наслов на проектот: Работилница за анимација за деца: Проекции

Синопсис: Дводневната работилница за анимиран филм е наменета за најмладата публиката – децата. 12 деца од различни средини на Скопје, ќе учат за создавањето анимиран филм, а како краен резултат ќе креираат нивен производ. Учесниците ќе бидат на возраст од 8 до 12 години. Со нив ќе работи стручен тим составен од режисер, монтажер, аниматор, сценарист и двајца камермани.


Име на авторот/компанијата: Марија Милошевска/ОРО Работилница (Друштво за услуги, производство и трговија,Казма Комерц  ДОО увоз-извоз ,Зоран и Марина  Скопје, подружница ОРО, Скопје)
Наслов на проектот: Жица од ритам-Ритам без жица

Синопсис: “Оро на струја” Перформансот има за цел да ја приближи на јавноста интригантниот спој на традиционалното со модерното, преку прикажување на самиот филигрантски процес на изработка, преточен во театарски перформанс.
Главниот фокус е ставен на демонстрација на изработка на филигран во живо, во кој артистот Марија Милошевска како дел од филигрантството ќе го покаже процесот на извлекување и моделирање на сребрената жица до фазата на финален производ.


codewell

Име на авторот/компанијата: CODEWEEL
Наслов на проектот: TraWell Skopje

Синопсис: TraWell Skopje e туристички водич наменет за територијата на градот Скопје. Истиот преставува компактен градски информатор кој секој корисник може да го има на својот мобилен или таблет уред. Нуди опции како што се: преглед на места во градот кои се поделени по категории (споменици, ресторани, верски објекти и слично).


inteligentИме на авторот/компанијата: Intelligent Network Solutions
Наслов на проектот: Проширенa стварност
Augmented reality

Синопсис: Проектот/темата се вика Augmented Reality односно, „Проширена стварност“. Тоа значи дека преку нашиот софтвер, го спојуваме дигиталниот со вистинскиот свет, преку користење на мобилни апликации за Андроид платформа, или преку користење на веб апликации. Со помош на оваа алактка објекти од дигиталниот свет, споени со директен приказ на реалноста околу, нас преку камерата на мобилниот уред или веб камерата, се прикажуваат кон крајниот корисник во 3Д форма со што се добива нов и подобар начин на перцепирање.


Име на авторот/компанијата: Intelligent Network Solutions
Наслов на проектот: Проширенa стварност
Augmented reality

Синопсис: Проектот/темата се вика Augmented Reality односно, „Проширена стварност“. Тоа значи дека преку нашиот софтвер, го спојуваме дигиталниот со вистинскиот свет, преку користење на мобилни апликации за Андроид платформа, или преку користење на веб апликации. Со помош на оваа алактка објекти од дигиталниот свет, споени со директен приказ на реалноста околу, нас преку камерата на мобилниот уред или веб камерата, се прикажуваат кон крајниот корисник во 3Д форма со што се добива нов и подобар начин на перцепирање.


viktorijaИме на авторот/компанијата: Викторија Ланговска
Наслов на проектот: Длабоко сино сонување
Синопсис: Инсталацијата претставува збир од предмети, кои што покрај своето декоративно значење поседуваат и една функционална намена, која што ја сретнуваме во предметите од нашето секојдневие.
Ова дело бележи еден полу – реален, а во исто време и полу – бајковит амбиент, преку кои се соединуваат сонот и реалноста.


zavarИме на авторот/компанијата: Zavar Design
Наслов на проектот: LIFE lines

 

 

 


Име на авторот/компанијата: Неформална група Планемо
Наслов на проектот: Македон
Синопсис: Проектот има за цел да создаде прв македонски суперхерој наречен „Македон“, што преку подолгорочна програмска реализација ќе добие и своја промоција на интернационално ниво, благодарение на електронските медиуми и социјалните мрежи. Првиот суперхерој „Македон“ има за цел од интерактивна игра, да прерасне и во анимиран филм.


ludusИме на авторот/компанијата: Ludus Loves Fashion
Наслов на проектот: Солзи
Синопсис: Директно инспириран од стих на Ален Гинсберг, петте парчиња имаат за цел јавно да проговорат за солзите како табу во денешното западно општество. Изработени од транспарентна бела свила и монистра, креациите директно наведуваат на чистината на солзата, на плачот како едно од најинтензивните човечеки емоции, што повторно е основа за концептуална разработка на „Лудуc“.


punktИме на авторот/компанијата: Душко Урумовски / Пункт Мебел доо Скопје
Наслов на проектот:
iPhone Модена тросед
Синопсис:
Душко Урумовски како дел од компанијата за дизајна на мебел, „ПУНКТ МЕБЕЛ“ од Скопје, создава тросед со мултифункционална намена. „ПУНКТ МЕБЕЛ“ во рамките на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ ќе има презентација на најнови дизајни на мебел посебно на тросед за седење во кожа, со приклучок за ајфон и сараунд систем.


idealabИме на авторот/компанијата: Група студенти од насоката индустриски дизајн,  МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ
Наслов на проектот: 
Idealab  – Дизајн на мебел и светилки од алтернативни материјали
Синопсис:
Студентите од насоката индустриски дизајн на Машинскиот факултет изработија неколку примероци мебел и светилки од невообичаени материјали. Идејата беше формата да биде резултат на својствата на материјалот од кој се изработени. Необична форма, лесна монтажа и модуларност беа главните цели на овој проект.


pakomakИме на авторот/компанијата: „ПАКОМАК“ и постипломците од  Факултетот за ликовни уметности и средното уметничко училиште
Наслов на проектот:
„ПАКОМАК“ е компанија за управување со отпад од пакување и нејзината крајна цел е заштита на животната средина преку едукација на населението за потребата од рециклирање на амбалажниот отпад.
Освен презентацијата на нивната основна дејност, „ПАКОМАК“ заедно со постдипломци од Факултетот за ликовни уметности и ученици од Средното уметничко училиште, на 15 и 16 јуни, ќе создаваат дизајнерски форми со функционална намена, а се направени од индустриски отпад и амбалажа.


esraИме на авторот/компанијата: Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА
Наслов на проектот:
Презентација на работата на ЕСРА
Наслов на проектот: Универзитетотр ЕСРА ќе се претстави со избор од кратки студентски филмови во чија што изработка учествуваа студентите по Филмска и ТВ режија, Филмска и ТВ камера, Филмска и ТВ Монтажа, Анимација, Применета музика, Тонска Продукција и Актерска игра. Покрај кратките филмови ќе бидат презентирани и дела на студентите по фотографија, како и видео инсерти од театарски претстави на студентите по театарска режија, драматургија и актерска игра.


idealabИме на авторот/компанијата:  Суденти на Универзитетот ”Св.  Кирил и Методиј”,  Архитектонски факултет, Скопје
Наслов на проектот:
ИДНИНА ИЛИ МИНАТО
Синопсис: Повлечени од идејата да ги презентираме ставовите за заштита на животната средина на инвентивен начин, се одлучивме тоа да го направиме во Градскиот парк – Скопје, кое е вистинска локација за да покажеме еден хармоничен град на иднината и минатот. Во него преку врамување визури, ќе го наметнеме прашањето дали и колку тој ќе продолжи да постои во оваа форма, низ просторот и времето, земајќи го во предвид неговото секојдневно трансформирање и прашувајќи се дали идејата потекнува од минатото или иднината.


amcollegeИме на авторот/компанијата: АМЕРИКАН КОЛЕЏ – „1м3 АРХИТЕКТУРА“
Наслов на проектот:
ОД АПСТРАКЦИЈА ДО ФУНКЦИЈА
Синопсис: „NOTHING IS ORIGINAL Претставување на студентски истражувачки проекти по предметите : „Теорија на форма“; „Боја, архитектурa,  дизајн“ и „Графички дизајн“ . Изработени се видео прилози со претходна анализа, но и студиска разработка на проблематиката. Крајниот резултат е продукција на авторски видео записи со критички сврт и автономно авторско толкувањена зададената пробелматика.


Име на авторот/компанијата: ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Наслов на проектот:
Creative mix
Синопсис: Презентација на студентски трудови од наставната програма на Факултетот за Арт и Дизајн за прв и втор циклус на студии при ЕУРМ од сите три постоечки насоки: Графички, моден и ентериер.


fonИме на авторот/компанијата: ФОН Универзитет/Факултет  за дизајн и мултимедија
Наслов на проектот:
Macedonia Feels Slovenia
 Синопсис:Проектот Macedonia Feels Slovenia претставува мултимедијална инсталација на дела креирани по повод 20 години од осамостојувањето на Р. Словенија. Главната цел на проектот беше претставување на билатералната соработка помеѓу Р. Словенија и Р. Македонија низ призмата на младите креативни потенцијали од нашата земја.
Во реализација на проектот беа вклучени студенти од различни насоки застапени на факултетот за дизајн и мултимедија (графички дизајн, моден дизајн и мултимедија) при ФОН Универзитетот.


Име на авторот/компанијата: Ива Јосифова
Наслов на проектот:
Работилница за рачно производство на хартија
Синопсис: Во рамките на фестивалот ќе го прикажеме начинот на работа и рачната изработка на хартијата. Неколку листови од работилницата ќе бидат рачно испишани од млaди македонски поети на самото место на одржување и ќе и бидат поклонети на публиката.
Работилницата за рачно производство на хартија – нејзината активност се совпаѓа со трендот за грижата и заштитата на европските и македонските традиции во сферата на старите технологии, дизајнот, занаетите и уметноста.


Име на авторот/компанијата: Ѓорѓе Јовановиќ
Наслов на проектот: 
Корици на книги – интерактивна работилница

Синопсис: Цел на работилницата е да укаже на потребата за дополнителни и креативни интервенции во дизајнот на книгите и на кориците, како начин да се привлечат читатели. Следејќи ја негативната индустриска тенденција на стандардизација, форматите и дизајните на книгите станаа прилично типични и неинвентивни.


Име на авторот/компанијата: Лилјана Дирјан 
Наслов на проектот:
Книжевно –  хедонистички  перформанс „Јадење книги“
Синопсис: Лилјана Дирјан, македонска поетеса и сликар на свила, ќе го изведе перформансот во кој делови од својата книга „Тешка свила“ ќе ја испише на кори за пита. Ќе го употреби медот како лепило и ќе употреби зачини: кардамон, пипер, куркума, ким, шеќер, ванила, цимет, морска сол, чили, свежа лаванда, каранфилче, естрагон). Со нив таа ќе ги напише своите стихови и ќе им ги даде на публиката да ја „пробаат“ нејзината поезија.


Име на авторот/компанијата: Антонио Димитров (Есид Фејк)
Наслов на проектот:
“Звучна инсталација – аудио книги“
Синопсис: Звучната инсталација е рефлексија на феноменот на т.н. аудио книги, кои во светската индустрија земаат се поголем дел од колачот на продажбата. Многумина читатели, користејќи ги современите медиумски средства и играчките на новите технологии се одлучуваат книгите да ги слушаат наместо да ги читаат. На нашата работилница и ние ќе создадеме аудио книги.