Листа на изложби

aleksandarИзложувач:
Наслов на проектот: Освојувањата на Александар Македонски
Резиме на проектот: „Освојувањата на Александар Македонски“ – компјутерска игра (СКОПЈЕ КРЕАТИВА) Компјутерската игра претставува прв оригинален македонски креативен производ, создаван од млади македонски креативци од областа на компјутерскиот дизајн и компјутерскиот инжињеринг. Освен забавниот аспект, играта има и едукативна улога на тој начин што не` запознава со живото и делото на најголемиот светски освојувач.


Изложувач: „Вулкански дизајн“ – Компанија Гоговски
Резиме на проектот: “Гоговски арт и дизајн” е студио чија главна дејност е создавање на ентериери и уникатни парчиња мебел, со авангарден уметнички дизајн. Студиото “Гоговски” не создава комерцијален мебел, секој модел е изработен во мала серија, и е уникатен и неповторлив.


Изложувач: „Ладилници“ – Компанија „Фригомонт“
Резиме на проектот: 2. Ладен дозер 3. Ладење без изолација кои што бараат сите ладилни уреди 4. Фригомонт е фирма која функционира од 1991 година која се занимава со разладни уреди.


dizajn na masaИзложувач: „Дизајн на маса“ – Компанија „Арс фактори“
Резиме на проектот: БТС Арт Фактори е компанија која се занимава со создавање на идејни решенија, графички дизајн, веб дизајн, фотографија и видео. Целта е да се создаде дело кое ќе биде комбинација од поинакви влијанија на три различни уметници и изведувачи, симбиоза која ќе вроди со производ за практична примена, ќе биде уникат кој нема да биде пуштен во сериско производство, а со тоа ќе се добие оригинален креативен продукт.

 


bikeИзложувач: „Рачно изработени велосипеди“ – Компанија „Кастм велосипеди“
Резиме на проектот: Драгон Кастм е фирма која се занимава со кастм велосипеди или велосипеди по мерка. Персонализација, кастимизација и реставрација на велосипедот, пробувајќи да им овозможи на сопствениците на велосипедот да поседуваат нивни уникатен велосипед.

 


smart livingИзложувач: SMART LIVING
Резиме на проектот: Дрвото како неицрплив извор на можности е инспирација за уникатните решенија и интелигентниот дизајн на производите изработени од архитектонско студио и концепт продавница за дизајниран мебел и осветлување, СМАРТ ЛИВИНГ. Смарт Ливинг соработува со познати дизајнери и креативци од Македонија, креирајќи дела кои носат енергија и приказна во себе.

 


osmicaИзложувач: „Осмица“ – дизајн на скулптури од Александар Ефтовски
Резиме на проектот: Александар Ефтимовски е роден во Скопје. Дипломира на Академијата за ликовни уметности во Фиренца за скулптура и визуелнауметност, a потоа се запишува на магистерски студии на Aкадемијата за ликовни уметности во Карара, Италија и истите ги завршува со највисока оценка. Учествувал на неколку симпозиуми за изработка на монументална скулптура во камен, какона многу групни изложби, а неговата прва самостојна изложба наречена „Mo(nu)mental Ideas“ се оддржа во Љубљана, Словенија.


enterierИзложувач: Ентерирер скулптури“ – Зоран Тошевски

 

 

 


fontanaИзложувач: Архитектонски дизајн на фонтана
Резиме на проектот: Гледајки го урбаниот развој на Скопје студентите од архитектонскиот факултет дизајнираа инсталација пред Универзалната сала која го илустрира урбаниот развиток на скопските маала. Инсталацијата се состои од три елементи кои ги репрезентираат три фази, започнувајќи од основиниот архитип кој подоцна се трансформира во хибрид за на крај да резултира во архитектура без лик. Секоја од трите фази се наоѓа на посебно ниво од фонтаната кое симболизира место на пиедестал соодветно на нејзината архитектонската вредност. Инсталацијата е со цел преку просторно и визуелно доживување на трите фази, луѓето да завземат сопствен став во однос на скопската метаморфоза.