Сара Муамед

Sara Filigree – Рачно изработен сребрен накит и декоративни елементи од филигран.

Изработката на сребрен накит од филигран е веќе стара традиционална рачна техника во Скопје. За жал, оваа техника е при изумирање. Во комбинација со модерниот стил можеме да им угодиме на сите возрасти и различни желби на луѓето кои не се запознати со филигранот. Целта е да се трудиме повторно да го оживееме овој убав занает и да не заборавиме да си ги цениме нашите вредности.