NeoTV – од идеа до реализација

Содржина: Развојот на технологијата овозможува креативен пристап во изнаоѓањето на решенија за секојдневието. Согледувајќи ги потребите на модерниот живот и распространетоста на интернетот, NeoTV произлезе како иновативен производ изработен од македонски инжiнери на кои целта им беше да овозможат телевизија секаде каде што има интернет.

neotel-logo-vector

Неотел ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 10 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на бизнис и домашни корисници преку WiMAX безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps) капацитет.