Тапио и М.А.М. воздушни торби – Ана Лишч (Полска)

Презентација: Општествените аспекти и одржливоста во проектите: Тапио и М.А.М. воздушни торби

Како дизајнер посветувам внимание на социјалните аспекти на проектите и верувам дека дизајнот ориентиран кон истражување би можел да одговори на потребите на луѓето. Во мојата презентација би сакала да зборувам за одржливоста која се рефлектира во мојата работа, со презентирање на два проекта: Тапио/ Tapio – сет на стаклени садови, во кои со користење на јаглен и глина се овозможува прочистување на водата, и „M.A.M Airbag”- торби направени од автомобилски спасоносни, воздушни перничиња.

Ана Лишч (Полска, 1991) е млада дизајнерка, живее во Варшава. Во 2015 год. дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Варшава. Своето дизајнерско искуство го стекнала во Полска, Израел и Португалија. Во 2014 поминала еден семестар на Безалел академијата за уметности и дизајн во Ерусалим. Ана е инволвирана во развојот на стартап брендот М.А.М. Airbag/воздушни торби, фокусирани на производство на торби изработени од автомобилски воздушни перничиња. Таа исто така е ко-основач на Повојени модернизам, непрофитна фондација, етаблирана да пропагира знаење за заборавената и потценетата архитектура на пост-воената ера. www.annalyszcz.com