Моден перформанс „Аргатлуk“ – Невенка Тодоровска

Затоа што Македонeцот не престанува да работи цел живот, тој е АРГАТ „LOOK“ како изглед, манири и појава.

Моден перформанс (3 девојки облечени во колекцијата Аргатлук). Колекцијата се состои од  повеќеслојни парчиња. Трите девојки стојат како силуети и врз секоја девојка се прикажува проекција. Проекцијата се состои од видео (истата девојка облечена во истиот аутфит),секоја девојка ги соблекува еднопоедно повеќеслојните парчиња облечени на себе. На крај се проектира голо тело врз облеката на девојката, во форма на видеопроекција. Концептот на перформансот е „цел живот работи си АРГАТ, на крај остануваш гол“. „Лук“ како манири и појава… со самото соблекување се губи „лукот“. Тоа е пораката што треба да се прати на набљудувачот.

unspecified

Невенка Тодоровска – 2009-2011 УНА –  www.unarte.ro Национален универзитет за уметност и дизајн-Букурешт – програма за универзитетски студии за магистри, моден дизајн и костимографија / 2006-2009- УНА www.unarte.ro Национален универзитет за уметност и дизајн-Букурешт –Факултет за декоративни уметности –дизајн, насока: Моден дизајн и костимографија– Букурешт, Романија Факултетски асистент на Националниот универзитет за уметност (Univerzitate Nacionala de Arte) во Букурешт, Романија.Отсек:сценографија, насока: костим и сцена, / 2012 год.-моден перформанс Моден триптих 2015 Скопје -колекција  пролет/лето 2015 Скопје – костимограф на претстава Симсонови (сè уште во изработка) во режија на Илијана Радулијан, Лондон, продукција Флавија Стамате Букурешти. Костимограф на долгометражен филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчески 2015 год. Костимограф на театарска претстава „Грдиот“, во режија на Дејана Николовска 2014 Костимограф на долгометражен филм „Деца на сонцето” во режија на Антонио Митриќески 2014 Ревија поролет/лето 2012  Скопје Македонија. Групна ревија (тема „Џез“) Американска амбасада во Скопје, Македонија. Учество на моден викенд с/с – Скопје Македонија. Изложба на костум инсталација Прага квадрианале (PragaQuadrianale) (2011) http://www.pq.cz/index.html  Прага, Република Чешка. Колекција:пролет/лето– Букурешт, Романија 2011