Создавањето на универзумот – Христина Младеновска

Приказна за настанокот на универзумот раскажана преку мултимедијален перформанс. Кратко информативно интермецо кое вклучува објаснување на светата геометрија и основните геометриски форми, како и нивното значење. На неколку минути ќе се придружиме на патувањето на свеста од празнина до денешниот свет.

Христина Младеновска, позната и како Кика Авеиро, е мултимедија дизајнер, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Mоментално работи во Модулар арт дизајн – Интернет креативна заедница – продавница и е ментор по графички дизајн, фотошоп и илустратор на Браинстер. Има 3-годишно искуство работејќи на различни проекти и едногодишно работно искуство како графички дизајнер и видео аниматор во Њуманс бизнис акселератор (Newman’s BusinessAccelerator). Дополнително работи 2D и 3D дизајн, 2D и 3D анимација, видеомонтажа и сторителинг, маркетинг и организација на настани.