Креативно еко-решение и еко- дизајн од рециклирано пластично шише – Анита Грозданов

Од откривањето на првата пластика – бакелитот поминаа повеќе од 100 години, а од комерцијалното производството на првото пластично шише (1947 год.) поминаа точно 69 год., додека од масовното високотонажно производство и употреба одбројуваме 56 години.

Денес може да се каже дека  пластичните шишиња се користат комплетно за пакување на сите течности во прехранбениот сектор, како и во другите индустрии. Дури и виното и пивото, кои најдолго време одолеваа на замената на стаклото со пластиката, полека поминуваат во масовна употреба на пластичната амбалажа. За производство на пластичните шишиња се користат  различни полимери во зависност од намената на шишето, како што се: полиетилен, поли-пропилен, полиетилентерефталат, полвинилхлорид, поликарбонат, поли-стирен, биополимери.

Проблемот на натрупување огромни количини на еднократно употребливи пластични шишиња ги предизвика еколозите, дизајнерите и креативците од целиот свет да ја користат пластичната амбалажа како еден од материјалите за изразување на своите креативни идеи и замисли.

Професор Анита Грозданов со своите студенти од студиската група за Полимерни материјали, дизајн и менаџмент на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје веќе подолго време работат на развојот на нови креативни и иновативни решенија за примена на рециклираната пластика. На Скопјекреатива 2016 ќе претстават дел од креативните решенија и дизајни кои се базираат на реупотреба на рециклирани пластични шишиња.Всушност, пластичното шише по завршената примарна употреба, наместо да се фрливо отпад, може да се моделира и употреби за  добивањенов предмет со  нова  употребна вредност.

Проф. Анита Грозданов работи  на  катедрата за Полимерни материјали, дизајн и менаџмент на Технолошко-металуршки факултетУКИМ во Скопје. Предава повеќе предмети  поврзани со структурата, својствата и преработката на пластичните материјали. Исто така, нејзин интерес е и заштитата на животната средина и предава повеќе предмети во оваа област. Активно е вклучена во работата на повеќе здруженија и институции како: Здружениезананоматеријали и нанотехнологии НАНОМАК, Инженерскаинституцијана Р Македонија, работи како национален експерт и членнаЦентаротзапочистопроизводствонаРМакедонија, како и член и потпретседателнаСоветотнаИнститутот за акредитација на лаборатории на  РМакедонија. Таа е национално контакт лице за потпрограмата  материјали и производни технологии од програмата „Хоризонт 2020“.

Соработници: Ковачева  Љубица, Лазарова  Борка, Прошева  Марија, Марковска  Ана, Сара  Локвенец, Коколански  Димче, Филип  Трајковски