Јурасик парк – Андреј Миневски

 


PTERANODON
ќе биде скулптура од отпадно железо на најголемата птица од праисторијата за која се најдени фосилни остатоци. Ќе се изработи  во природни димензии, за кои се верува дека во висина изнесувале до 2 метри и имале распон на крилја од 8 до 10 метри. Во изработката  ќе се користат  разни видови железни отпадни материјали во количина до 2 тона, вклопени во уметничката идеја дека сè зад себе остава трага.Од една страна  птицата од минатото, која ги оставила  своите траги  до денес, а од друга страна, моќта  на материјалот, железото, долготрајно, речиси неуништливо, кое ќе остане во разни форми, па и во форма на оваа скулптура во иднина. Птицата ќе биде претставена  во амбиент на природно опкружување, карпи, каде и биле пронајдени  фосилните  остатоци. Карпите ќе бидат изработени од стиропор и ликовно третирани. Идејата за изработката на скулптура од отпадно железо PTERANODON само е дел од пораката што ќе ја пренесе самата скулптура, дека сè што нè опкружува, доколку сме инвентивни, креативни и со поинакво видување на пристапот кон уметноста, може да ни биде средство за изразување на сопствените  идеи.

Андреј Миневски е роден на 26.04.1992 година во Скопје,  средно образование завршил во Училиштето за уметност и дизајн „Лазар Личеноски” во Скопје, од тогаш активно се занимава со калапи-скулптура.Своето образование го продолжил на Универзитетот „Кирил и Методиј“,  Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ, и завршил во 2013 година.Уште за време на средното образование  (од 2007 година) бил  дел од големиот проект Скопје 2014, проект на Владата на Република Македонија, и работелво изготвување, моделирање и обликување на многу скулптури во градот Скопје.
Самостојно го има изработено дизајнот и комплетната реализација на иконостасот на црквата  Успение на Пресвета Богородица во Маврово. Иконостасот е изработен  во бел цемент.Скулптурите кои до сега ги работел се направени од различни материјали, како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Сепак, металот е материјал со кој најмногу се изразува во рамките на својата креативност. Има изработено повеќе работи во метал, а последно дело  „T – rex” е негова прва самостојна изложба –  декември 2015 година. Делото е работено  во соработка со Еко циркон складиште за отпаден материјали.Често соработува со своите постари колеги и професори на голем број проекти. Како  еден од најуспешните студенти од неговата генерација бил учесник  на изложбата  „35 години од формирањето на Факултетот за ликовна уметност“ – март 2015 година, каде  се претставил со своето дело „Барам”, изработено од метал. Учествувал на повеќе групни изложби  во Скопје, како и во „Националната галерија на современа уметност”, „Чифте амам – галерија” и др.
На последната изложба во „Мала станица – Млади уметност” во Скопје во 2015 година се  претставил со својот експонат  „Модел”, направен во железна арматура.

Соработник: Јулија Манојлоска, уметник