Создавањето на жената: Галаксија 1 – Александра Јовановска

Колекција од дизајнерски унисекс и прилагодливи кошули со комбинирана апликација на рачно насликан и дигитален печат. Конструкцијата на кошулите е трансформација на машката свадбена кошула од народната носија во Западна Македонија. Графичкиот печат (мотиви од автопортрет и современи еротски клетви) е инспириран од митот за создавањето на жената (Адам, Ева и Лилит).

Александра Јовановска е родена на 18.05.1987 година во Тетово. Има работено за модниот дизајнер Никола Ефтимов (како асистент и моден илустратор), а моментално е вработена како помлад асистент на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет, Скопје,  каде ја има и стекнато титулата магистер по моден дизајн. Дипломирано има на Академија Италијана, Скопје – насока моден дизајн, а средно образование има завршено во ДСУПУ„Лазар Личеноски“, Скопје. Има учествувано на групни изложби и ревии во Македонија, Италија и Србија, како и работено на тимски проекти и менторирање на курсеви за моден дизајн во Џолев и уметностите.