3Д анимација, реконструкција на археолошки локалитети во служба на туристичко-едукативна промоција – Ивица Стоимановски

Проектот има за цел да направи експеримент како одредено систематско истражување на одредена археолошка сонда може да се визуелизира со користење на 3Д моделирање. Целта е коористењето на ЗД визуелизацијата во целиот процес на истражување на полето на еден археолошки локалитет, со цел да се конструираат 3D модели кои чекор по чекор ќе го  опишуваат процесот на ископување што се врши од страна на археолозите.

Експериментот ќе се фокусира на истражување на една сонда и преку сондата ќе се прикаже како може да се направи моделирање на недвижен наод и движни наоди мапирајќи ги во колор текстура од типот камен, керамика, земја, метал и други материјали.

Целта  на експериментот е да се претстави како ЗД анимација, може да биде дел од ископување, при тоа  посетителот на локалитетот да може да го следи развојот на ископувањето, да добие попрецизна слика  за архелошките ископини во одредена сонда и да добие некои дополнителни визуелни информации во врска со минатото.

Ивица Стоимановски е вработен  архелог и историчар на уметност во Музеј на Македонија. Диполомирал на Филозофскиот факултет во Скопје на отсек историја на уметност со археологија.Во изминатиов  период работел на архелошки истражувања во село Градец, Градиште, во близина на општина Крива Паланка и на локалитетот Мал Камник, село Ранковце, како и на археолошките истражувања и превентивна конзервација на археолошки предмети на Античкиот театар во Скупи.Во музејот е ангажиран за конзерваторско-реставраторски работи за одржување и зачувување на етнолошки предмети од депото и постоечки на изложбата „Етнологија на Македонија”,  и на зачувување на резбани врати на Слепченскиот манастир на XVI век, кои се дел од тековната изложба во Музејот на Македонија во Скопје.Ивица Стоимановски е женет и има две деца, ужива во прошетки во природа со своетосемејство, а во останатото слободно време го надградува својот талент за сликање.