Колекцијата „XYYX“ -Драган Христов (Лудус)

Колекцијата „XYYX“е директно инспирирана од јапонската традиционална облека и при нејзинaта  конфронтација со македонската има за цел да ja трансформира во нослив и софистициран современ производ наменет за клиенти од креативниот свет кои сметаат дека облеката е дополнување на нивниот идентитет.

Лудус започна како менлив производ што еволуира од концептуална продавница со цврст идентитет до експериментална модна линија.  Ludus, -i (лат.) – игра, шега, забава, лудорија. Колекциите се движат меѓу носливоста и софистицираната авангарда, а за основа ги имаат чувствата, најчесто меланхолични и тажни. Финалниот резултат е монохроматски и минималистички, изработен главно од свила и природни проѕирни материјали, а силуетата наликува наскулптура. Презентациите на Лудус, инспирирани од филмот и современата музика, се настани со неочекувани локации што придонесуваат кон интелектуалниот карактер на етикетата.