ЈАВЕН ПОВИК Ckопје Креатива 2017

Јавната установа Конгресен центар „Александар Македонски“, врз основа на годишната програма за работа на институцијата за 2017 година, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на
Програмата за развој на креативните индустрии

СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2017 – Do Creatе!Co-create / Создавај! Kо-креирај!

 

Програмата за развој на креативните индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2017” треба да обезбеди промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (проект дизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел… функционални креации),  визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативни услуги, изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии.

Право на учество

На конкурсот може да учестуваат правни  лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн …); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ сектор, софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување и маркетинг и друго.

Забелешка  

На конкурсот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.  

Услови за финансирање

За добивање на финансиските средства за спроведуавање на Програмата за развој на креативните индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2017“, правното и физичко лице треба да ги исполни следните услови:

  • Правните лица да бидат регистрирани во Централен регистар на РМ / физичките лица да живеат и делуваат во Република Македонија.
  • Правното / физичко лице да аплицира со инвентивен прототип (фокус на Скопје креатива 2017),  истиот може да биде  во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука, технологија и/или други области од економијата, меката и тешката индустрија.
  • Правното / физичко лице да има референтна листа или ЦВ од најмалку три (3) реализирани проекти  од областа на културата или креативните индустрии.
  • Правното / физичко лице да има искуство во менторирање или реализација на работилници, тренинзи, обуки, предавања од областа на културата или креативните индустрии.

 

Критериуми за учество

Правото за спроведување на Програмата за развој на креативните индустрии

СКОПЈЕ КРЕАТИВА 201под мотото  Do Create! Co-create/ Создавај!Ко-креирај!, ќе го добие правното или физичко лице кое ќе понуди прототип /програма / проект дизајн што ги исполнува некои од следните критериуми:

  • Оригиналност и иновативност на програмскиот / проектниот концепт, со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста и дизајнот.
  • Современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување.
  • Промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии.
  • Акциски план за реализација на активностите во рамките на програмата/проектот.
  • Мултидисциплинарни, интердисциплинарни и мултикултурални активности кои се предвидени во рамките на програмата/проектот.
  • Инволвирање на креативните индустрии во формалните и неформалните образовни процеси  во Скопје, со цел развој на  креативна  младина.
  • Поттикнување на претприемничките и бизнис вештини на младите, уметниците, дизајнерите и поединци во рамките на  креативните индустрии.
  • Активности со продажен потенцијал.
  • Издржаност на програмата/проектот кој/а ќе се базира на концепт со одржлив развој.
  • Активности од меѓународен карактер (преку партнерства и копродукции).
  • Стимулација, реализација и презентaција на творештвото на креативните потенцијали на децата и младите, за остварување на креативни проекти.
  • Финансиски најповолна понуда, која е реално остварлива.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати, потребно е да ја преземат пријавата од официјалната веб страна на www.skopjekreativa.mk, истата во целост да ја пополнат, потпишат и заверат со печат (за правни лица); за физички лица -пријавата да ја пополнат и потпишат.

Покрај пријавата кандидатите задожително треба да достават:

  • Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проект за прототип, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата. (за правни и физички лица).
  • Основни податоци од регистрацијата на правното лице и ДРД – Образец од Централен регистар на РМ (копија во печатена форма).
  • Референтна листа (евиденција) на реализирани претходни проекти во печатена форма (за правни лица).
  • Биографија/ЦВ (за физички лица).
  • Професионално портфолио на УСБ (за правни и физички лица).
  • Точно пополнета пријава (за правни и физички лица).
  • Професионална биографија/ЦВ на стручните лица – соработници, кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот (за правни и физички лица).

(Документите да бидат доставени во печатена и дигитална форма/ УСБ)

Конкурсот трае  до 24.02.2017.

Пријавите треба да се достават во адресирано плико до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“, по пошта на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б.  или лично во Архивата на Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“, најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на КОНКУРСОТ (со назнака на пликото: За Скопје креатива 2017).

Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од седум члена.

За резултатите од Конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од петнаесет дена по истекувањето на конкурсот, поточно по донесувањето на одлуката за избор на најповолни понудувачи.

Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани.

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3245-615;  071 237 363 / 075 288 143, и имејл  info@kongresencentaram.mk, skopjekreativa15@gmail.com

ЈУКЦАМ – СКОПЈЕ
Скопје,
01.02.2017