AUTOMATA

1-AUTOMATA-toys

AUTOMATA (работилница и изложба на механички движечки играчки). Автори:  Елена Трајкоска Бојаџиска (биотехнолог/автор на делата/играчките), ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО. Соработници: Ана Атанасовска (компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика), Ана Попризова (психолог). AUTOMATA е работилница и изложба на механички движечки играчки кои претставуваат креативен начин за воведување на основите на инженерството, уметноста, скулптурата, механиката и науката во образованието на децата преку комбинирање на игра, забава и технологија. Тие претставуваат скулптури кои раскажуваат приказни. Движењето на физичките направи (запчаници, оски, тркала, лостови, жици), кога се вградени во анимирани скулптури, се извор на чуда за децата, но и за возрасните. Тие се составени од два дела: база-во која се сместени механичките делови, кои го произведуваат движењето, и сцена-каде што карактерот или карактерите ја откриваат приказната.