AUX 88

3-mad-scientist 1-aux88-black-tokyo 2-aux88_logo

AUX 88 е електрогрупа од Мичиген, САД, a членови на групата се Том Том (Томи Хамилтон) и Кит Такер (DJ K1). Групата за прв пат е основана во 1985 година, под името RX-7, а потоа групата формира уште еден проект познат под името Глетка над глетката, за конечно, во 1993, да се формира сегашната АUX 88. Во 1995 година, Такер започнува соло-кариера, додека Хамилтон продолжува да работи како дел од  АUX 88, заедно со танчерот Вилијам БиЏеј Смит. По заминувањето на Смит од групата во 1998, АUX 88 станува солистички проект воден од Хамилтон, а Такер повторно се враќа во бендот. АUX 88 објавуваат низа синглови, главно со продуцентската куќа  Диркт Бит Рекордс. Нивниот деби-албум Is It Man or Machine? е објавен во 1996, проследен од соло проектот на Хамилтон, Xeo-Genetic (1998), кој освојува награда за Најдобар изведувач и Најдобар албум, доделена од Музичките награди во Детроит. Во 1999, AUX 88 објавува ЦД како дел од серијалот на мешани албуми, Electro Boogie. Во 2005, AUX 88 објавува и трет албум со наслов AUX 88, а бендот има објавено и музика и под алијасите Aux Men и Alien FM. Дискографија: 1993: BassMagnetic, 1996: Is It Man or Machine? 1998: Reprogramming The Machine, 1998: Xeo-Genetic, 2005: AUX 88, 2009: Mad Scientist, 2010: Aux 88 Presents Black Tokyo.