ЏИНОВСКА СЛИКОВНИЦА ЗА СКОПЈЕ

1 2

ЏИНОВСКА СЛИКОВНИЦА ЗА СКОПЈЕ (работилница за деца). Автори/ментори: Соња Чаловска (педагог/директор), Цена Плавевска (педагог/воспитувач). Соработници: Ива Јанеку (воспитувач), Софка Петроска (асистент). Делото е изработка на џиновска сликовница за Скопје, изработена од дечињата во градинката, односно дел од сликовницата е изработен во градинката (корица, фотографии од Скопје, содржината на приказната), а финализирана на платото на МКЦ (едукативно-креативна работилница, доцртана и декорирана). Дечињата ќе имаат можност да ја раскажуваат приказната за Скопје пред присутната публика. Истотака, ќе има направена мини читална за деца, каде што ќе бидат изложени мини сликовници на тема „Моите доживувања воСкопје“, а останатите посетители на настанот (други дечиња) ќе имаат можност да изработат своја мини сликовница. Ќе биде изработена и поставена мини библиотека од картони наменета за  мини сликовниците.