Ерик Фокс

1-Kiril-Zarlinov-Dj-Erik-Fox

Ерик Фокс (Кирил Зарлинов), ди-џеј, роден 1971. Тој е музички уредник и водител во Радио Антена 5 од 1994 година. Поранешен член на групата Зијан, и двапати е добитник на Златна Бубамара за најдобра радио емисија. Учесник е на повеќе светски музички настани – МТВ награди Берлин, Париз, Франкфурт и Брит авордс, Лондон. Продуцент е на музичкото дуо Саунд месенџерс и автор е на повеќе песни на музичката естрада.