КУКЛИ И ПРИКАЗНИ

1 2 3

КУКЛИ И ПРИКАЗНИ (креативна работилница), Колектив Ветерница. Екипа:Билјана Димитрова (културен работник), Ивана Нелковска (драматург), Марија Бејкова (актер),  Билјана Митева (социјален работник), Милош Стојановиќ (логистика).Кукли и приказни е работилница наменета за деца од 6 до 12 години на која заеднички се изработуваат кукли од скица до реалност, во атмосфера на заедничка игра, солидарност и создавање во група. Преку оваа работилница директно ќе ги осознаеме основите на креативното размислување, приказните и нивното отелотворување на сцена преку игри за глума и театар. Индиректно ќе научиме како можеме да рециклираме, реконструираме и воопшто, како да го разубавиме светот околу нас. Работилницата трае 2 часа, но стекнатите придобивки со себе ги носиме цел живот, а си заминуваме со другарче кое никогаш нема да ги издаде нашите тајни.