Мелани Дигит

melani-dj-info-pic

Мелани Дигит (ди-џеј). Како ди-џеј е активна неколку години на македонската сцена претставувајќи различни стилови на електронска музика. Поради широкиот дијапазон на музички стилови со кои е поткована периодично низ годините, не се карактеризира во еден жанровски сегмент, но сепак има свој препознатлив звук. Нејзините сетови развија еклектричен музички стил што се должи на влијанија и жанрови од класични до авангардни (electroclash, synthwave, electronic, house, techno и electro-break) изрази.  Хипнотички денс, мелодија и upbeat се само неколку асоцијативни назнаки. Како продуцент има две ЕП изданија во поекспериментален звук за австралиски и португалски брендови.