Мирко Попов

1-Mirko-Popov

Мирко Попов (музичар). Тој купува плочи и внимава на музиката уште од ниските одделенија на основно училиште, што логично резултира со првите роденденски ди-џеј сетови во раните 80-ти. Има остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Има потпишано неколку музики за театар и филм. ПМГ Рекордингс, дискографска куќа. Има издадено 7 албуми. Дел е и од култниот бенд /проект Кантон 6, со кој досега има издадено повеќе е.п. и два албума, како и обскурниот проект #МакедонидеКру. Тој е сценарист и продуцент на документарниот филм 103-Љубовно писмо до алтернативната култура. Како музички новинар пишува/л текстови во Реборн, Урбан магазин, Тротоар, Скопско метро и др. Објавува/л своја проза, поезија и стрипови во Маргина, Лифт, Скопско метро и др. И понатаму живее и работи во Скопје.