Теа Беговска

Tea-Begovska

Теа Беговска, режисер, ДЕТСКО-МЛАДИНСКО ДРАМСКО СТУДИО СЦЕНА, Миа Кантарџиева, актер, ДЕТСКО МЛАДИНСКО ДРАМСКО СТУДИО СЦЕНА. Најважната и најискрената публика во театар се децата. Тие се првата публика која подоцна прераснува во професионален гледач со изграден став за театарот. Театарскиот јазик и однесување треба да се негуваат уште од мали нозе. Театарскиот речник од деца за деца (кратки видеа) опфаќа важни театарски термини кои се основа за секој театарски гледач. Овој театарски речник е пред сè од едукативен карактер за најмалите гледачи, објаснет на едноставен и детски начин. Да учиме и сонуваме заедно со децата!