Виолета Качакова

1 2

Виолета Качакова (ди-џеј). Водена од нејзината опсесија со музиката, добриот вкус и единаесетгодишното искуство во Канал 103, Виолета Качакова ја започнува својата клупска приказна во 2012. Како ди-џеј и член на ПМГ Рекордингс настапува во скопски локали и клубови со извонреден избор на техно, хаус, електро (но и широк спектар на други музички стилови). Нејзината резиденција ЧИСТА ШМИНКА, со повеќе од 5 години континуитет, е една од најдолгите во градот. Има настапувано на фестивалите Desonanz – Скопје, Д Фестивал -Дојран, Antistaic – Софија, и како wаrm up ди-џеј на реномираните странски и домашни музички артисти:PlaningtorockMiss KittinWrangerKanton6 и ПМГ Колектив.