НОВ ДИЗАЈН НА ТЕРМО БЛОК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ГРАДБА, ВЕДРАЛИТ ЕКО ДОМ

1-Vedralit-Eko-Dom

НОВ  ДИЗАЈН  НА ТЕРМО БЛОК  ЗА ЕНЕРГЕТСКА  ГРАДБА,  ВЕДРАЛИТ  ЕКО ДОМ (прототип). Автор: Веле Нелковски  (иноватор). Соработници: Ѓурѓица Нелковска (инженер-архитект), Бранкица  Нелковска (економист). Проект-прототипот на ВЕДРАЛИТ  ЕКО ДОМ, подразбира    сопствена,  нова, оригинална патентабилна технологија за производство на фабрикувани елементи од  лесен еко бетон  и на нови оригинални патентабилни  геометриски форми на градежните  блокови, кои го решаваат спојот на елементите  без да направат термички и звучни мостови, притоа даваат можност, во зависност од  дебелината на блокот, инвеститорот да  ја избере класата на енергетската заштита на објектот,  без употреба на други термо материјали. Во прототипот ќе биде вграден  и термо блок за самопроветрување  на објектот без да се создадат термички загуби,  што претставува  оргинално, ново, досега непостоечко  решение од ваков тип на градба.