ФЕИТ

1-Melani-Digit

ФЕИТ, модна колекција. Автор: Мелани Димитровска  (Мелани Дигит), моден дизајнер. Колекцијата е инспирирана од Балканот, од сите негови контрасти. Во моделите е присутен  контраст од материјали и симболи, контраст на традиционални техники и модерни дигитални техники. Колекцијата е составена од 10 модели (машки и женски). Вклучен е моден  перформанс во кој се употребени проекции со 3Д мапинг врз моделите кои  ја одразуваат  колекцијата (Кинект за мапирање на проекцијата врз движењето на моделите).