Фотокопирница на љубовта

1-Fotokopirnica-na-ljubovta

Фотокопирница на љубовта (групна изложба). Арт Еквилибриум, Гевгелија,  уметници: Владимир Лукаш, Елизабета Линднер,  Јана Јакимовска, Бернхарда Хсилко, Тома Димовски, Кристијан Крстевски. Групна изложба на шест  уметници кои творат по инспирација на песната „Фотокопирница на љубовта“ на Бошко Бозаџиевски.  Изложбата се состои од шест дела во различен формат и медиум/техника (пастелни бои и пенкало, акрил и масло на платно,  графика, цртеж, комбинирана техника, колаж ). Целта е да се прикажат различните перцепции во времето и просторот, и да се укаже дека ништо никогаш не е исто, туку е одредено во зависност од времето и местото на кое гледаме. Бесконечноста на просторот и вечноста на времето во една визуелна поставка.„Фотокопирај го моето срце, Дикенсова блуднице,
и направиме двоен во А4-формат“- Б.Б.