Геерт Де Таеје

2 1-Portret 3

Геерт Де Таеје (фотограф). Геерт де Таеје е креативен и повеќестран фотограф кој живее и работи во Брисел, фотографира  маркетинг кампањи, портрети, пејзажи, уметнички слики и слики инспирирани од филм. Ваквата разноликост во работата на овој млад фотограф е карактеристична за него и му овозможува за себе да направи место во една култура во која доминира „сликата“. Пристапот кон фотографијата на Геерт се одликува со суптилност и разум, па беспрекорно комбинирајќи различни техника, тој го фотографира и уредува она што го гледа, одново креирајќи и манипулирајќи го она што се случува во одреден момент. Неговата визуелна ресистематизација ја има моќта на убедување, иронија и емпатија. Вистината не е секогаш видлива, додека неговите дела никогаш не престануваат да пленат. Чистата мисла и креативниот процес при креирање на слика (предавање). Драго ми е што во ова излагање ќе зборувам општо за мојата работа, од фотографиите со маркетиншки карактер, преку  креативниот процес, до изработката на мојата уметност. Ќе објаснам како го добивам крајниот резултат на моите идеи, кои идеи се реализирале добро, а кои не излегле онака како што сум ги замислувал. Магијата на непредвидливото. Некои серии од мои дела ќе бидат објаснети од почеток до крај, а ќе се осврнам и на она што сметам дека е важно за мене во начинот на кој се изразувам преку овој медиум; начинот на кој ја изведувам работата за која сум платен и како правам компромиси, а притоа сум задоволен од резултатите, но, пред сѐ, би сакал да ја споделам мојата страст кон фотографијата, со надеж дека ќе инспирира многумина од вас.