IT Лабс

1-It-Labs

IT Лабс. Ненад Здравковски е front-end програмер и дизајнер на корисничко искуство. Со повеќе од 8-годишно искуство, работејќи на корисно онлајн искуство, тој има развиено вештини кои се особено важни во стратегијата на креирање на содржини, информатичка архитектура, дизајн на кориснички интерфејс и тестирање на корисност. Во моментов, негов главен фокус е продуктниот менаџмент. Предавање: Подобрување на корисничкото искуство на веб-апликации. „Луѓето ќе заборават што сте рекле, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат“. Токму затоа, дизајнирањето на добро корисничко искуство е толку тешко. Корисничкото искуство (UX) е процес на зголемување на корисничката сатисфакција преку подобрување на корисноста, достапноста и ефикасноста на корисничкиот интерфејс кај веб-апликациите. IT Labs ја прославува 13-годишнината на пазарот и со гордост можеме да кажеме дека сме создале врвни решенија, вклучувајќи апликации базирани на бази на податоци, употребени од голем број на закупци, како и интеграции на бројни клиенти на глобално ниво.