Иван Бркљач

1 3 2

Иван Бркљач, креативен менаџер и основач на Мокринска Куќа, Мокрин, Србија; менаџер е на програмата поддржана од Традуки, Германија, Писатели во резиденција,  Мокрин; поседува лиценца за TED`x Мокрин… и е една харизматична и талентирана личност која промовира, спојува и креира. Презентирање на Мокрин Хаус. Совршено место за фриленсери, претприемачи и дигитални номади. Мокринска Куќа е место за заедничко работење и живеење, лоцирано во северниот  дел на Србија. Куќата претставува едно модерно и урбано место во рурална средина. Според истражувањата, бегањето од вообичаената работна средина ја зголемува и продуктивноста и креативноста, па токму затоа, Мокринска Куќа нуди програма наменета за тимови и за индивидуалци кои сакаат да ја заменат стресната и метежна урбана бизнис средина со мирно, природно ориентирано место за работа.