ЛЕА СМЕА

2-naslovna-strana 1-kolazh,-fotografii

3-naslovna-strana-opachina 4-sodrzhina

ЛЕА СМЕА  (тактилна сликовница). Европски универзитет-Скопје, Фaкултет за арт и дизајн, автори: доц. м-р Маја Ѓуреска и проф. д-р Јана Манева –Чупоска; соработници/студенти од Катедрата за моден и графички дизајн: Марија Настеска, Снежана Давиткова и Ана Петрова. ЛЕА СМЕА претставува сликовница за деца на возраст од 3 до 6 години. Овој производ е од едукативен и интерактивен карактер и на децата им овозможува стимулација на сетилата и тактилно учење. Читањето на книги на бебињата не е само начин да се поттикне љубов кон книги од детството, туку и важен начин за развој на детскиот речник и говор. Визуелното стимулирање на децата преку илустрирана литература придонесува за развој на имагинацијата и креативноста кај детето. Тактилното учење и допирот се од суштинско значење за развој на физичките способности на детето, когнитивните и јазичните вештини, и социјалниот и емоционалниот развој. Допирот не е само императив за краткорочно напредување со сензорни искуства кај доенчето и во раното детство, туку и за долгорочен развој на детето.