Магија на тебе

1 22

Магија на тебе (модна ревија). МАТРА, Маре Трајковска Стефаноска – моден дизајнер. „Магија на тебе“ е колекција на висока мода за сезоната пролет-лето 2019, со основна инспирација од неокласицизмот и од револуционерката Тереза Талиен и нејзиното влијание. Колекцијата е еротска и романтична во исто време, содржи 30 модели и целна група се младите девојки со авантуристички слободен дух. Нијансите на сиво се заштитен знак на колекцијата, всушност, основната палета се црната и белата боја и градацијата на сиво.