#МАкедонскаМушичКА–МАМКА

1

#МАкедонскаМушичКА–МАМКА (проект-дизајн). Автор: Марија Милошевска (етнолог и дизајнер), ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО. Соработници: Катерина Ѓероска (технолог/инженер/професор), Емилија Лазаревска (графичар/виш конзерватор на икони).  #МАкедонскаМушичКА –МАМКА е серија на  дизајнирани производи  кои се фокусираат на историското и културното богатство на Република Македонија и за промотивни цели го користат фактот за првото пишано сведоштво за постоење на рибарска мушичка што потекнува од овие простори. МАМКА претставува иновативен пристап во развојот на креативните индустрии преку спојот на традиционалното со современото, односно историјата и индустријата.