Назад во галаксијата

1-Marigucca

Назад во галаксијата (модна колекција). Автор: Невенка Тодоровска-Маригуча, моден креатор; соработник: Неда Дамчевска (архитект, сценограф). Назад во галаксијата е модна колекција која на холистичко-галаксички начин е меѓусебно поврзана со сите аутфити. Во везот се  користат апликации со нацрт на галаксии (Андромеда како најблиска галаксија, Млечниот пат и други). Некои од нив се поставени во внатрешноста на костимот, на пр.,со Венера како жена и Марс како маж, или обратно, како што кажуваат другите митологии. Стилот е  деконструктивистички,  комбиниран со кројки за спортска облека во комбинација со елегантна линија.