Ралф Ѓони

1 2 3

Ралф Ѓони, Извршен директор на ФУТУР Паблик Аферс. Ралф Ѓони е човек кој има обемно меѓународно искуство, работејќи во областа на ПР и јавните дејности од 2000 година, во држави како Обединетото Кралство, САД и Балканот, а може да се пофали и со огромна мрежа на контакти од политичката и медиумска сфера на општеството. Ралф, кој има работено за Агенцијата за Јавни Дејности, Вебер Шандвик од Лондон, во изминатите 9 години, служи и како Портпарол и Генерален Директор на Комуникации за Албанското Министерство за Надворешни Работи. Покрај тоа, минатата година, Ралф ја основа ФУТУР Паблик Аферс, а работи на пазарот за ПР и Јавни Работи во Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора. Своето образование го стекнува на Кралскиот Колеџ во Лондон, здобивајќи се со титулата м-р по Меѓународни Односи. Работилница: SMART PR MEANS CREATIVE PR! Светот на бизнисот се менува исклучително брзо, додека ПР индустријата добива се посоцијален и трансформативен карактер. За успешно да го менаџираат угледот и репутацијата на нивните клиенти, ПР експертите мораат се повеќе да размислуваат „надвор од кутијата“ и да бидат дотолку покреативни со цел да може публиката да ја слушне нивната приказна. Со мноштвото социјални платформи и брзите промени во светот на технологијата кои го напаѓаат нашиот секојдневен живот, станува се потешко да се задржи вниманието на публиката. Во еден толку вибрантен свет кој е подложен на постојани промени, компаниите и владините органи треба да заборават на, таканаречениот,  мрзлив ПР и да ги насочат своите ресурси кон Интелигентен и Креативен ПР. Оваа интерактивна работилница ќе се осврне на денешните предизвици на пазарот на ПР и ќе ги дискутира начините за тоа како вашата приказна да достигне нови нивоа на содржинска интерактивност и креативност, која ќе влијае и ќе ја заинтересира публиката.