СОС Брутализам

2 1 3

СОС Брутализам (накит од сребро и бетон). Vienoology, Весна Кондева  (архитект ), Адела Келеција  (балетски играч), Јосип Мирдита (занаетчија). Во чекор со светскиот тренд, македонските архитекти во 60-тите и 70-тите ги создаваат, можеби, најквалитетните  архитектонски дела кои влегуваат во светската историја. Токму од тука произлегува и приказната за изработка на сребрен накит  инспириран од брутализмот, кој на еден симболичен начин се обидува да ги претстави карактеристичните геометриски форми, површинските детали, играта со празно и полно, како и скулптуралноста преточена во нејзината симплифицирана форма.