Светлосна врска

1 3 4 2

Светлосна врска (ламби  – индустриски дизајн; фурниран медијапан во комбинација со дрво, метал и бетон). Автор: Елена Диновска Зарапчиев, графички дизајнер, Априори Комуникации. Светлосна врска претставува проект кој има задача да му овозможи на авторот да направи еден мост помеѓу модерниот индустриски дизајн и некои инспиративни моменти кои произлегуваат од геометријата, односно тие визуелно едноставни форми да ги изведе на ниво на скулптура.  Авторот доаѓа до овие силно изразени геометриски форми со истражување и творење низ неговиот опус преку разни мултимедијални алатки и секогаш обидувајќи се да ги постави геометриските форми во центарот, без притоа да интервенира многу во нивното изложување.  Идејата е да се постави геометриската форма како готово уметничко дело, само минимално интервенирајќи со можностите на индустрискиот дизајн.