Тамара Николич Џерич

1

Тамара Николич Џерич, куратор-културен антрополог, основач на КОВОРКИНГ РОВИЊ, ФАРО11 Креативни индустрии, професионален соработник. Тамара Николич Џерич (1983) поседува дипломи од областа на етнологијата/културна антропологија и индологија/ориентални студии. Од 2008 година, таа работи како куратор во Етнолошкиот Музеј во Истра. Во 2014, таа го основа здружението ФАРО11, посветено на промовирањето на креативните индустрии и културен менаџмент насочен кон заедницата, кој подоцна резултира со создавањето на првиот коворкинг простор во Истра. Предавање: „МЕСТА“ ЗА КРЕАТИВНОСТ. Ровињ има долга и богата историја во тутунската и рибната индустрија, која повеќе не е во чекор со современиот туристичкиот имиџ на овој мал рибарски град. Соочувајќи се со општествените промени низ 20тиот век и потребите кои ги имаат жителите на Ровињ, ова предавање ќе ве води низ приказната која почнува една летна ноќ како разговор меѓу пријатели, а завршува со формирањето на првиот ковркинг простор во Истра, основан со помош на јавно-граѓански партнерства и насочување кон развојот на креативните индустрии и менаџментот на заедничкото културно наследство во Ровињ и Истра.