Во името на фалусот и срцето

DSC07652 DSC07668 DSC07662

DSC07653  DSC07663  DSC07669 DSC07670 DSC07678 DSC07685

Во името на фалусот и срцето, јас сум човек (инсталациска поставка од модна колекција /машки и женски модни изгледи). Авторки: Александра Јовановска (моден дизајнер) и Екатерина Намичева (архитект). Инсталациската поставка на модна колекција презентирана на дизајнерски постаменти е инспирирана од истражувањата за формата и симболиката на фалусот во староримската и македонската цивилизација. Фалусот претставен во предимензионирана форма бил божествен заштитник од злонамерни влијанија, заштитник на младешкиот шарм и безбедноста на римската држава. Во македонската култура, симболиката на фалусот е поврзана со оплодувањето и плодноста, како и одбрана од стравот од смртта, претставен преку формите на стап, пченка, праз, лејки, дрвени ножеви, пиштоли, шупелка и гајда. Во поставката, истражуваните мотиви се преведени во дигитален графички печат и вез аплицирани на облеката, како и во формите на металните постаменти.