TEDx Septemvriska Sesija Salon Event

Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?

Creative industries – range of opportunities or closed circle of ideas?

Таленти насекаде, дел познати, дел неоткриени. Колку од нашите креативни таленти добиваат можност за професионален развој и напредок во земјава?

Додека креативните индустрии во Велика Британија достигнуваат 8.9% раст на годишно нив и додаваат вредност од речиси 87 билиони фунти во економијата, во Република Македонија дел од гранките на креативните индустрии стагнираат, а дел се чини дека изумираат.

1-Gordana-Vrencoska-Predavac-FOTO 2-Misko-Ralev-Predavac-FOTO

Дали во Македонија се препознава потенцијалот на креативните индустрии за креирање нови работни места и за зајакнување на економијата базирана на знаење, или овој сектор претставува само затворен круг на идеи? Што лежи во суштината на дизајнот и иновациите и како тие да се искористат за економски и културен развој, за решавање на општествените проблеми и за отворање повеќе можности за овие професионалци? Дали технологијата, отворениот софтвер и хардвер, и отворените системи за дизајнирање водат кон нова трета индустриска револуција?

Бидејќи за овие прашања ретко се дискутира, првиот настан од новата серија TEDxSalon настани во Македонија ќе  го посветиме токму на темата Креативните индустрииспектар на можности или затворен круг на идеи?.

На настанот ќе се обидеме да дадеме одговор на дел од овие прашања, да продискутираме и да го предизвикаме вашето постоечко размислување за начинот на кој ја поттикнуваме креативноста, го негуваме талентот и создаваме креативни дела со економска, културна и социјална вредност. Преку споделување на информации, идеи и мислењa ќе се обидеме да ги одговориме прашањата за тоа која е нашата улога во поттикнувањето на развојот на талентите и дали и како соработката помеѓу различните дисциплини и сектори (уметност, дизајн, технологија, образование, здравство, итн.) ќе отвори можности за раст и развој на креативните индустрии?

Дискусијата поттикната од гостите-експерти, а насочена кон публиката, ќе овозможи создавање на една потопла атмосфера за запознавање и зближување на учесниците, како и полесна размена на мислења и идеи.

Гости-експерти на настанот ќе бидат:

Проф. д-р Гордана Вренцоска – уметник и дизајнер. Во 2005 година магистрира на студиите по дизајн на Central Saint Martins’ School of Art and Design London, како Чивнинг стипендист. Докторира во 2016 година на Институтот за фолклор при УКИМ, на тема „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Зад себе има 13 самостојни изложби и голем број групни изложби низ светот. Има реализирано голем број дизајнерски проекти, како автор и консултант. Од 2006 година до денес е професор на Факултетот за арт и дизајн, ЕУРМ Скопје. Предава неколку предмети, меѓу кои: Методологија на дизајнирање, Визуелни комуникации и Дизајн концепт. Од 2011 година е и продекан на Факултетот за арт и дизајн.

Проф. д-р Мишко Ралев e еден од основачите на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет на УКИМ, Скопје, каде што и ја започнува својата едукативна кариера. До 2007 година работи како асистент и доцент на истиот факултет, а од 1995 до 2007 работи и како асистент, а подоцна и доцент, на Шумарскиот факултет, насока Проектирање на мебел и ентериер. Во 2007 г. се префрла на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС каде што предава група предмети од областа на проектирање на ентериери. Паралелно со образовната дејност, арх. М.Ралев активно се занимава и со архитектонско и ентериерно проектирање. Во 1996 г., заедно со арх. В.Еремеева го основаат архитектонското биро „ТАКТ-Инженеринг“. Од февруари 2016 г. ја презема функцијата декан на Факултетот за архитектура и дизајн.

Модератор

М-р Софија Богева – консултант за иновации, а воедно и програмски координатор на СмартАп Лабораторија за социјални иновации, Скопје.

 

Настанот е поддржан од:

Смарт АП Лабораторија за социјални иновации Скопје

Регионален Центар за социјални иновации

Скопје Креатива

Организација и логистика:

Александар Лазовски, носител на TEDx лиценца

Софија Богева

Николчо Гошев

Надица Панковска

 

*Ова е независно организиран ТED настан лиценциран од страна на TED. Повеќе информации за вакви претходни настани кои СмартАп ги има организирано може да најдете на Фејсбук – @tedxsihsalon. Повеќе информации за ваков тип на TEDxSalon настани може да најдете овде – https://goo.gl/sfPM0A