Продукт

Создавањето на жената: Галаксија 1 – Александра Јовановска

Колекција од дизајнерски унисекс и прилагодливи кошули со комбинирана апликација на рачно насликан и дигитален печат. Конструкцијата на кошулите е трансформација на машката свадбена кошула од народната носија во Западна Македонија. Графичкиот печат (мотиви од автопортрет и современи еротски клетви)…

Колекцијата „XYYX“ -Драган Христов (Лудус)

Колекцијата „XYYX“е директно инспирирана од јапонската традиционална облека и при нејзинaта  конфронтација со македонската има за цел да ja трансформира во нослив и софистициран современ производ наменет за клиенти од креативниот свет кои сметаат дека облеката е дополнување на нивниот…

Моден перформанс „Аргатлуk“ – Невенка Тодоровска

Затоа што Македонeцот не престанува да работи цел живот, тој е АРГАТ „LOOK“ како изглед, манири и појава. Моден перформанс (3 девојки облечени во колекцијата Аргатлук). Колекцијата се состои од  повеќеслојни парчиња. Трите девојки стојат како силуети и врз секоја…

Создавањето на универзумот – Христина Младеновска

Приказна за настанокот на универзумот раскажана преку мултимедијален перформанс. Кратко информативно интермецо кое вклучува објаснување на светата геометрија и основните геометриски форми, како и нивното значење. На неколку минути ќе се придружиме на патувањето на свеста од празнина до денешниот…

Столови – дизајн концепти – Слободан Живковски

Изложбата содржи повеќе модели на столчиња, наменети за различни ситуации и намени, од што произлегуваат ергономските, геометриските и ликовните карактеристики на формата и избраните материјали. Изработени се од различни дрвени плочи, метални профили, текстил и синтетички материјали со различни текстури…

Секој има сеќавање – Елена Диновска Зарапчев и Даниела Николова

Покрај технолошкиот напредок во електрониката и префрлување на сè поголем број содржини во дигитална форма, сепак, сите ние сè уште ги чуваме старите фотографии. Тие се дел од нашиот живот, од едно минато време. Позначајните од нив, во кои вечно…

Јурасик парк – Андреј Миневски

  PTERANODON ќе биде скулптура од отпадно железо на најголемата птица од праисторијата за која се најдени фосилни остатоци. Ќе се изработи  во природни димензии, за кои се верува дека во висина изнесувале до 2 метри и имале распон на…

Креативно еко-решение и еко- дизајн од рециклирано пластично шише – Анита Грозданов

Од откривањето на првата пластика – бакелитот поминаа повеќе од 100 години, а од комерцијалното производството на првото пластично шише (1947 год.) поминаа точно 69 год., додека од масовното високотонажно производство и употреба одбројуваме 56 години. Денес може да се…

MAKE GAME 2 – Марија Милошевска, 3Г Доминиум

MAKEGAME 2 претставува концепт на дизајн на производ/прототип – играчка чија цел е да  влијае на развојот, стрпливоста, снаодливоста кај најмладите и воедно запознавање со значајните културни, историски и етнолошки артефакти од нашата земја.Патот во играта претставува лавиринт/шема инспирирана од …