ФЕСТИВАЛСКИ ФОРУМ

 1

  1. ФЕСТИВАЛСКИ ФОРУМ ЗА РАЗВОЈОТ НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Модератор: Нина Николиќ, претприемач. Прва сесија (Прототипи во дизајнот и уметноста) Учесници: 1. Проект: Еко книга, илустрирана книга за деца со семиња (Визарт). 2. Проект: Леа Смеа, тактилна сликовница за деца (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет, Скопје), Јана Манева – Чупоска (коавтор). 3. Проект: Бирократски лавиринти (_cracy), рачно изработена книга (Иван Ивановски, Билјана Димитрова). 4. Проект: Мамка, проект дизајн (Марија Милошевска, ДОМИНИУМ). 5. Проект: S.O.S Брутализам, накит (Vienoology). Втора сесија (Хабови, стартапи, колаборативни простори) Учесници: 1. Creative Hub Skopje (Филип Манојловски). 2. Modular.mk. Онлајн креативна заедница и продажни галерии (Нина Нинеска). 3. Sozdadi.com, Онлајн платформа (Илина Вељановска). Трета сесија (Иновации, инвенции) Учесници: 1. Проект: Прототип – Фабрикувани елементи од лесен еко бетон (Ведралит Еко Дом). 2. Проект: Мебел од отпадно железо (Андреј Миновски). 3. Народна техника – Скопје (Звонко Петровски). Четврта сесија (Културен туризам) Учесници: 1. ИКОМОС МК (Лазар Шуманов). 2. Агенција за развој на туризмот во Македонија (Љупчо Јаневски). 3. ХАЕМУС Македонија (Василка Димитровска). Петта сесија (Фондови и фондации) Учесници: 1. Фонд за иновации и технолошки развој на РМ (Катарина Кречева). 2. Јес фондација (Софија Цали Кузманова). 3. Center for Research and Policy Making (Златко Симоновски).

logoa

Целта на вториот фестивалски форум за развој на креативните индустрии е поврзување на сите сектори и професии кои тематски влегуваат во фокусот на креативните индустрии. Во креативни индустрии влегуваат:  современ дизајн (продукт, индустриски, графички, моден дизајн …); традиционална и современа  архитектура/ентериер (мебел дизајн); занаети (традиционални и современи методи); новите медиуми: видео филм, анимација, видео игри, ТВ, радио, фотографија; ИТ сектор: веб-дизајн, дизајн на софтвери, вештачка интелигенција …; образование и издаваштво; културното нематеријално и материјално наследство во музеите, галериите, библиотеките, локалитетите; креативен ПР, маркетинг и менаџмент; културен туризам. Фестивалскиот форум поврзува, квалитетно и наменски, ја збогатува својата дата-база и овозможува професионалците да се сретнат, настапат и претстават, да се запознаат меѓусебе преку сопствената работата и креативност; притоа да ги почувствуваат, опипаат и препознаат сите можности за нови содржински  спојки и меѓусебни колаборативни интерсекции. Креативните индустрии претставуваат инспирација од искуствата на минатото, трансформирани во современи содржини и медиуми. Заедно се поврзуваме, заедно решаваме проблеми за поквалитетно секојдневие. Учесниците на овој форум ги претставуваат своите последни (најнови) проектни достигнувања и фазата на својот развој и придонес.