Скопје Креатива 2017

Почитувани,

1-Koce-Trajanovski-GradonacalnikПред вас е уште едно издание на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2017“, кој годинава се одржува во Младинскиот културен центар од 4 до 6 мај, под мотото „Креирај! Ко-креирај!“ („Do Create! Co-create!“). Годинава, во рамките на Фестивалот, публиката ќе има можност да види програма што опфаќа повеќе аспекти на креативните индустрии, и тоа преку  преку:   презентација на  поддржани проекти, работилници, форуми, презентации, предавања, работилници од проектот „Инфо@млaди и креативни“, изложби, музичка програма,  на кои учествуваат домашни и меѓународни експерти и професионалци од областа на креативните индустрии. Овој Фестивал, кој се одржува со целосна поддршка и под покровителство на Град Скопје, е во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“ и е дел од Програмата за развој и поддршка на креативните индустрии на Град Скопје. Годинешниов Фестивал, исто како и претходните, ни докажува дека градот Скопје  нуди големи потенцијали од аспект на развој на креативните индустрии во кои се содржани креативниот, уметничкиот, образовниот, интелектуалниот, технолошкиот и економскиот потенцијал во едно општество, а без кои не можат да егзистираат креативните индустрии како нова и растечка гранка во општеството. Како што е веќе познато, креативните индустрии се  базирани на индивидуална креативност, вештини и талент и создаваат можност за економски капитал и нови работни места, преку развој на интелектуалната сопственост. Познато е дека креативните индустрии  придонесуваат кон зголемување на локалните економии и појавата на нови економски активности и подобрување на атрактивноста на регионите и градовите во Европа и светот. Затоа, Градот Скопје ги препозна и ги интегрираше креативните индустрии во својата програма за работа, бидејќи овој сегмент од општеството придонесува  кон развојот на иновативноста, културната инфраструктура, креативните услуги, образованието,  технологијата, медиумите, што е секако предизвик за остварување,  за нашиот град да стане  конкурентен со другите европски и светски градови.
(Градоначалник , Коце Трајановски)

IvankaКонципирање и организирање на фестивал не е едноставна работа – одговорна е, многу одговорна и прекрасна ангажираност. Скопје Креатива – фестивал за развој на креативните индустрии во земја со скромно производство и минимална индустрија, одразува контрадикторен предизвик за натамошен развој на Фестивалот во насоки кои  ја зацврстуваат и промовираат локалната платформа на уметноста, дизајнот и креативните индустрии. Ако лани научивме многу за важноста на контекстуалните меѓународни, регионални и локални партнерства и важноста на нивната нега, трасирање и развој на односите и соработките, оваа година се обидуваме да ги поврземе заедниците на бизнисот со заедниците на уметноста и дизајнот за заемна соработка и да им покажеме на бизнисмените дека добрата уметност и конструктивниот дизајн нема да ги изигра.  Освен фестивалската помош, потребна е наменска поддршка од бизнис-заедницата преку заемни креативни проектни соработки (развој на идеја во прототип, награди, стипендии, ко-финансирање  … ).  Самодоволноста на заедниците ги испостува нивните капацитети изолирани во сопствените професионални рамки.  Оттука, не се плашете и креирајте! Отворете се и ко-креирајте, на тој начин поуспешно ќе ги решавате старите и новонастанатите  проблеми во средината која нè опкружува, проблемите кои врескаат да бидат решени.
(Иванка Апостолова, програмски директор, Скопје Креатива 2017)

IvanКреативниот процес е неминовен и составен сегмент од секојдневното живеење. Човекот, со секој свој потег, со самиот концепт на соживот, несвесно учествува во чинот на креација. Уште во антиката, енергијата која била основна компонента во создавањето на градовите, во остварувањето на соработка помеѓу различни ентитети, била наречена синекизам (synoecism), односно живеење во заедништво за повисоки цели. Протагонистите кои го етаблирале тој мисловен концепт поставиле тези дека токму таа соработка е круцијален фактор во развивањето на интелектуалниот дискурс. Младите креативни умови во Македонија имаат потреба од платформа, отворена, подготвена за соработка, подготвена за вмрежување, која ќе го поддржи тој потенцијал. Токму тука, на ова поле кое веќе шеста година Град Скопје и Конгресниот центар „Александар Македонски“ неуморно го етаблираат, се очекува да започне процесот на создавање, односно процесот на соработка. Заемното и синхронизирано делување на младиот креативен потенцијал заедно со бизнис-заедницата е клучен фактор на тоа создавање! Креативните индустрии се општествен капацитет, think tank на идеи кој секогаш е релевантен двигател на градот, но во исто време е и катализатор кој отвора нови полиња на комуникација со светот. Оттука и идејата која годинешнава тема на фестивалот за креативни индустрии Скопје Креатива 2017, „Креирај! Ко-креирај!“ ја поставува пред граѓаните, треба да генерира предизвици, да создаде нови и свежи методолошки пристапи кон самиот концепт на соработка.
(Иван Мирковски, куратор на Скопје Креатива 2017)