ЗА ФЕСТИВАЛОТ

ФЕСТИВАЛ ЗА КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

Отварање: на 9ти јуни 2016 (Четврток), во 20:00 часот, Плаја Виста, Скопје

„Скопје креатива 2016“ е уникатен проект кој се одржува кај нас веќе петта година и успешно е прифатен од публиката во земјата и пошироко во регионот и Европа. Самиот проект содржи широк дијапазон на активности, работилници и предавања од повеќе области и длабоко придонесува во развивањето на културната сцена кај нас и пошироко.

Целта на платформата за развој на креативните индустрии е популаризирање, анимирање и инволвирање на целиот креативен потенцијал на дизајнери, уметници, индивидуалци од една страна и компаниите, фирми и правни субјекти од друга страна кои даваат особен придонес за развојот на креативните индустрии во нашата метропола.
Активности кои Скопје Креатива се фокусира да ги спроведе и обезбеди се проекти за формирање и отворање центар за развој за креативни индустрии во Скопје. Преку веќе изготвена анализа и мапирање на алтернативни простори за работа на креативните индустрии, Скопје Креатива вложува во организација на едукативни, културни и соодветни бизнис активности во рамките на платформата. Скопје Креатива од 2011 до денес активно партиципира во вмрежување и соработка со други фестивали и платформи на регионално и меѓународно ниво, што е од особено значење за промоција на младите дизајнери во Македонија, надвор од границите на својата земја.

PROMO - hi res

Под мотото „Поврзиме со Креативност“ во предстојните три фестивалски денови ќе имаме можност да ги проследиме настапите и искуствата на реномираните гости од Европа – Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева …македонските дизајнери и уметници, Доминиум, Лудус, Нина Нинеска … ФДУ, Архитектонски факултет, Европски факултет, Универзитетот Аристотел од Солун, Американ колеџ, Факултетот за архитектура и технолошки развој од Приштина и др. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настаните од програмата: филмски проекции, видео перформанси, изложби, презентации, стручни работилници… Оваа година на Скопје Креатива 2016, учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. За прв пат учество ќе заземат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот.  Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и нашите музички гости – групата ТИ(Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на ДиџејАдо и ДиџејШурбе,  задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.

 

Градоначлник на Град Скопје

Коце Трајановски

koce_01Чест ми е и задоволство што  ви се обраќам по повод одржувањето на уште едно  издание на Фестивалот за креативни индустрии  „Скопје креатива“, којшто е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, а ќе се одржи од 9 до 11 јуни 2016 год., во  Спортско-рекреативниот  центар „Плаја Виста“. Градот Скопје  во својата програмска определба во последните 5 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување креативните индустрии, меѓу кои, секако, големо место зазема и организирањето на  фестивалот „Скопје креатива“. Програмата на Град Скопје за развој на креативните индустрии опфаќа активности чијашто цел е да се поттикнат индивидуалната креативност, вештина и талент, а чиишто потенцијали и производи може да создадат економска придобивка  и да отворат нови работни места развивајќи ја притоа и кретивната економија, како нов сегмент и  во бизнис  секторот и во културата. Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град,  Градот Скопје во соработка со  претставниците на  креативната и уметничката  заедница ќе продолжи да ја остварува целта што беше потцртана,  а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор.

ЈУ Конгресен центарАлександар Македонски

Директор, Вера Бошковска

1 Vera BoskovskaЈУ Конгресен центар„Александар Македонски“и оваа година, под покровителство на Град Скопје, продолжува со организација на Фестивалот на креативни индустрии – „Скопје креатива“, кој ќе се одржи од 9 до 11  јуни 2016 год., во СРЦ „Плаја Виста“, Скопје. Скопје креатива е проект кој  претставува  уникатен настан кој 5 години влијае позитивно врз развојот на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава,  регионот и  пошироко од Европа, но исто така ја обединува  и бизнис заедницата. Под мотото „Поврзиме со креативноста“ во наредните  фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски проекции и видео перформанси, изложби, презентации, стручни работилници … Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“ и во 2016 година нуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство. По тој повод ве покануваме на нашиот Фестивал на креативни индустрии – „Скопје креатива“ 2016.

Тања Балаќ,

Раководител на сектор за јавни дејности, Град Скопје

12742106_1007611289309365_8511739718928371125_nДенес, кога живееме во време на брз технолошки развој, голем број европски градови, но и градови од другите континенти се развиваат под мотото „креативни градови“. На тој начин брендирајќи се во меѓународниот простор, тие воедно и ја нагласуваат важноста и значењето на креативноста и инвентивноста како важен сегмент во нивниот општ и економски развој.

Со еден збор, креативноста е таа движечка сила на модерната економија која сè повеќе се одразува во концептот на таканаречената „креативна економија“.

Свеста за важноста на креативната економија беше основниот мотив во 2012 година да го иницираме проектот „Скопје креатива“ и да им овозможиме на бројните креативни фирми и поединци да ги претстават своите производи и услуги.

Всушност, токму креативноста и инвентивноста ја создаваат онаа „додадена вредност“ на производите и услугите која е од големо значење во време кога сме сè повеќе изложени на  огромната глобална економска конкуренција.

И затоа е исклучително важно да ги поддржиме младите креативци бидејќи иднината е на страната на оние градови кои ќе знаат да ги препознаат и искористат креативните потенцијали на своите талентирани сограѓани, кои, пак, истовремено ја претставуваат онаа културна и економска сила толку неопходна за иднината на секој град.

Иванка Апостолова

Програмски директор на Скопје креатива 2016

2 Ivanka ApostolovaСкопје креатива 2016, како фестивал и платформа на креативните индустрии, продолжуваме да ја развиваме во насока на нова програмска свежина, со нови странски и домашни гости, соработници – дизајнери и уметници кои нè инспирираат и кои ќе ги споделат своите практични сознанија со нас и со нашата публика. Како екипа се надополнуваме, се надоврзуваме и ги надградуваме искуствата, согледувањата и развојот на претходните фестивалски изданија со цел да го избрусиме фестивалот кон насока на негово издигнување во релевантен балкански фестивал, кој квалитетно и со искрени намери се поврзува и се отвора меѓународно. За првпат имавме 30 домашни апликации на јавен повик со сериозно конкурентни дизајн проекти – состојба за нов предизвик при воспоставување критериуми за избор и поддршка;  32 попап продавници во кои преовладуваат нови, млади, прекрасни  таленти во почетен стадиум на својата кариера – и не е сè така апатично како што ни се причинува. Фестивалот служи да афирмира и истакнува нови сензибилитети и состојби на духот и креативноста кои колективно,  како индивидуи и тимови придонесуваат во заедничкиот развојот на креативните индустрии во Македонија – состојба храбро соочена со развојот на креативните индустрии во регионот и Европа. Да се поврзуваме креативно, славејќи ја уметноста!

Иван Мирковски,

куратор на Скопје креатива 2016

3 Ivan Mirkovski FotoОбединувањето на локалната креативна сцена е круцијален градив сегмент на градското интелектуално милје. Создавање платформа преку која ќе се афирмираат креативните умови е метод кој има за цел пред сè да оформи цврст терен за размена на идеи. Градот Скопје веќе петта година покажува сериозен потенцијал во доменот на кративните индустрии кој преку широк спектар на учесници и програма го втемелува фестивалот Скопје креатива како „hub“ на креативноста. Секоја година ова случување го подигнува своето реноме, кое во меѓувреме добива интернационален контекст. Гостите ѕвезди оваа година од Шведска и Австрија го потврдуваат токму тоа. Диверзитетот на настаните, но и концептот на фестивалот од аспект на целовитост: претпладневна, дневна и вечерна програма, академија и професионалци, деца и возрасни, надополнување и разноликост ќе ја постават овогодишната фестивалска едиција под мотото „Поврзи ме со креативност“ во една кохерентна целина. Од 9 до 11 јуни креативната синергија помеѓу дистописката сценографија на Плаја Виста и различните креативни домени ќе создаде поле на нов интелектуален дискурс во форма на фестивал за сите сетила!